28/03/2024
Спорт

Таеквон-до “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид викендов ја започнува есенската натпреварувачка сезона во Плевен – Бугарија

Таеквон-до “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид викендов ја започнува есенската натпреварувачка сезона во Плевен – Бугарија. Таеквон-до “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид викендов ќе земе учество на меѓународен Таеквон-до ИТФ турнир за деца до 14 години на 05.10 2019 год, кој ќе се одржи во Плевен соседна Бугарија.

На овој турнир ќе настапиме со 6 натпреварувачи, натпреварот е одличен за започнување на есенската натпреварувачка сезона, посебно што е само за деца до 14 години, па ќе биде одлично искуство за нив, кои веќе ги пратат стапките на повозрасните натпреварувачи и обеќаваат дека ќе имаме уште една силна генерација натпреварувачи. Како што ни е познато соседна Бугарија е една од најдобрите репрезентации на светот па квалитетот на натпреварот ќе биде на високо ниво, ни изјавува Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан, претседател на клубот и на Македонската ИТФ кој не испушта прилика да изрази јавно најголема благодарност до нивниот генерален спонзор “ПН МЕТАЛ” ,кој и овој пат е најзаслужан за нивното учество на овај натпревар.