28/03/2024
Македонија

TAIEX експертска мисија за биосигурносните мерки на живинарските фарми

Каква е важноста од имплементирање на биосигурносните мерки во живинарските фарми во однос на инфективните болести кај живината и нивното влијание врз здравјето на луѓето, колку е важна превенцијата особено на фармите каде се практикува интензивно производство од аспект на заштита на живината од инфективни болести. Ова се дел од темите кои се разгледуваат на тридневната експертска мисија која со поддршка од Инструментот за техничка поддршка на Европската Комисија – TAIEX се одржува во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство. На неа претставници од Секторот за здравствена заштита и благосостојба на животните ќе разменат искуства за процедурите за биосигурност на фармите со цел спречување на ширење на болестите како што авијарна инфлуенца, њукасталска болест и салмонела, и да се спречи нивното ширење.

Системот за управување со производството на живина ќе се зајакне со усвојување и спроведување на мерките за биосигурност во согласност со принципите на Добрата земјоделска пракса и HACCP системот.

Целта на експертската мисија е воспоставување на минимален пакет на стандарди за биосигурност на живинарските фарми, кои ќе бидат применливи за сите производители во Република Македонија.

Во рамки на тридневната експертска мисија презентирани ќе бидат и европските искуства и практиките на системот за биосигурност на живинарските фарми.