25/04/2024
Охрид

Таксистите од понеделник (30 јули) ќе можат да извадат пропусници за возење во зоната Стар град

Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ ги известува сите таксисти и такси компании кои имаат решение за вршење на превоз на патници дека од понеделник 30 јули ќе започне со издавање на специјални пропусници за непречено возење во зоната на Стар град.

„Сите заинтересирани ги повикуваме да дојдат во дирекцијата на ЈП „Билјанини Извори“ (Спортска сала „Билјанини Извори“) од 08:00 – 15:00 часот започнувајќи од понеделник и со себе да носат решение за такси превозник и копија на сообраќајна дозвола.“ – информираат од ЈП „Билјанини Извори“.

Специјалната дозвола – магнетна картичка која се издава чини 150 денари и се плаќа еднократно.