25/04/2024
Охрид

Талентирани охриѓанчиња учествуваа на Фестивалот на млади хармоникаши во Скопје

Денес во Скопје се одржа 7-от Фестивал на млади хармоникаши. На концертот учествуваа и талентирани ученици од Охрид меѓу кои: Дамјан Наумоски VI одд; Никола Стојоски VII одд; Андреј Пуфтоски VIII одд; Бојан Здравески IX одд и Христијана Матеска I година, под менторство на наставникот Љупчо Колевски.

Здружението „Љубители на класичната музика“ – Скопје, на учесниците на концертот им додели дипломи за учество на Фестивалот.