Таневски: Ве повикувам на утрешната трибина на СДСМ во Центарот за култура во Охрид

Во просториите на ОО на СДСМ Охрид денес се одржа прес-конференција, на која говореше претседателот на СДСМ, Лазе Таневски.

Таневски ги повика охриѓани да присуствуваат на утрешната трибина на СДСМ, која ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, со почеток во 20 часот.

На трибината ќе учествуваат министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, како и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.