29/03/2024
Охрид

Театарската група на Црвен крст Охрид настапи на сцената во предворјето на Света Софија

Прекрасен настап на театарската група на Црвен крст Охрид која вчера, на отворената сцена во предворјето на црквата Св.Софија ја изведе театарската претстава „Во Фиока“, во режија на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованка Сиона Доленц. Младите и талентирани актери, волонтери на Црвен крст Охрид на креативен и вешт начин не потсетија за изгубените вредности во денешницава, но и ја истакнаа надежда дека тие се само скриени „во фиока“ и дека секој од нас треба да направи исчекор напред за враќање и негување на вистинските вредности.

Имено, од 13-17 јуни со театарската претстава „Во Фиока“ беше отворен овогодинешниот меѓународен аматерски театарски фестивал Вдиши Театар кој традиционално секоја година се реализира во организација на Црвен крст Охрид. Театарската група на Црвен крст Охрид со истата претстава на 27 август 2018 г. имаше гостување и во Бар, Црна Гора.