Театарската група на Црвен крст Охрид во посета на Крагуевац
Театарската група на Црвен крст Охрид во периодот од 6-9 септември 2019 г. се наоѓа во посета на Црвен крст Крагуевац, Србија. Во рамки на посетата младите талентирани актери на Црвен крст Охрид, предводени од своите ментори, вчера, 07.09.2019 г. на сцената на театарот „Јоаким Вујиќ“ во Крагуевац ја изведоа театарската претстава „ДОМИНО“, со која во јуни оваа година беше отворен Меѓународниот аматерски театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“.
Бројната публика не ги криеше емоциите и воодушевувањето од вештините и креативноста со кои младите талентирани актери аматери на Црвен крст Охрид сликовито ги пренесоа пораките дека животот е како ДОМИНО и кога ќе се случи некој настан, тоа предизвикува да се случи нешто друго, па нешто трето, и така сѐ со ред, додека не дојде до некоја кулминација од таа серија настани…а животот е полн со настани кои неизбежно се случуваат.
Покрај прекрасното дружење, оваа средба на младите во Крагуевац ќе ја зајакне и прошири постоечката соработка на двете организации на Црвен крст, како во делот на театарската уметност, така и во други области на делувањето на Црвен крст.