24/04/2024
Македонија

Театрите низ цела Македонија со разновиден февруарски репертоар

Националните театарски установи и театрите кои се во состав на центрите за култура, во февруари продолжуваат со богата и динамична програма за сите љубители на театарската уметност во земјава…

На големата сцена на Народниот театар во Битола на 17 февруари ќе се одржи премиерата на претставата „Коцкар“ по текст на Достоевски, во режија на Дејан Пројковски, која ќе биде изведена и претпремиерно ден претходно, како и на 20 февруари. На 19 февруари на репертоарот е „Трагичната љубов на една луда девојка“ по текст на Јукио Мишима, во режија на Благој Мицевски, на 21 февруари ќе биде одиграна претставата „Пијани“ работена по текст на Иван Вирипаев, а во режија на Марјан Ѓорѓиевски, додека, пак, на 22 февруари „Грета од Фауст“ во режија на Димче Николовски. На репертоарот на битолскиот Театар на 23 и 24 февруари е лирско-љубовната трагедија „Крвави свадби“ од Федерико Гарсија Лорка, во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, на 27 февруари ќе биде одиграна претставата „Доктор Фауст“, а на 28 февруари „Сон на летната ноќ“.
 
Во Театарот во Велес на 10 и 23 февруари публиката ќе може да ја проследи претставата „Тоалет за дами“ работена според текст на Родолфо Сантана, во режија на  Дејан Дамјановски. Изведбата на претставата „Синиот портокал“ од Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски, е закажана за утре, за 16 и 27 февруари, додека, пак, комедијата „Вдовицата се мажи“ од Чехов, во режија и адаптација на Младен Крстевски, ќе биде изведена на вечерва, на 17, 24 и на 28 февруари. Претставата на ЕСРА „Вујко Вања“ за велешката публика се играше синоќа,а ќе биде изведена и на 22 февруари.
teatar_veles_toalet_za_dami
 
На сцената на Театарот во Струмица, вечерва ќе биде изведена претставата „Идиот“ од Достоевски во режија на Горан Тренчовски, а утревечер на репертоарот е претставата „Дванаесеттата ноќ (Спроти Водици)“ во режија на Дејан Дамјановски. На 20 февруари во Театарот во Струмица е предвидено гостување на Театарот за деца и младинци, а на 22 и 23 февруари на репертоарот е претставата „Царот Владислав“, работена по текст на Борис Јанков, а во режија на Бранко Ставрев.
 
Во Народниот театар во Штип в сабота е премиерата на на „Богот на масакрот“ од Јасмина Реза, во режија на Нела Витошевиќ, која ќе се игра и на 13 и на 21 февруари. На 15 и на 27 февруари на репертоарот е претставата „Умри машки“ по текст на Николај Алдо, во режија на Кoле Ангеловски.
 
bog_na_masakrot_shtip1
 
Вечерва и утре во Театарот во Куманово ќе биде прикажана претставата „Хај фај“ од Горан Стефановски, во режија на Јани Бојаџи, а на 10 и 24 февруари на репертоарот е претставата „Ограбувачи“ во изведба на Секцијата на албанската драма. На 14 и на 28 февруари на репертоарот на Театарот во Куманово е комедијата „Бегај еве ја жена ти 2…“ во режија на Коле Ангеловски, а на 22 и 23 февруари „На погрешно место во погрешно време“ во режија на Мирослав Петковиќ.
 
Во Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп синоќа се играше „Хроника на еден сон“ од Ивана Нелкова, во режија Ивана Ангеловска, а на репертоарот е и на 15 и 27 февруари. Вечерва во Прилепскиот театар се игра „Ништо без Трифолио“ од Русомир Богдановски, во режија на Коле Ангеловски, што на репертоарот е и на 16 и 28 февруари. На 19 февруари ќе биде прикажана претставата „На два стола“ (Од кол на кол) во режија Коле Ангеловски, а на 20 и 21 февруари претставата „Клетници“ од Виктор Иго, во режија на Мартин Кочовски.
 
Центрите за култура, во чиј состав се и театарските институции, во февруари за посетителите ќе понудат и повеќе концерти, изложби, промоции и други содржини од областа на културата, кои се од особен интерес за граѓаните во градовите во земјава.
prilep_teatar_trifolio