19/04/2024
Македонија

Театрите во Скопје во февруари: Претстави секој ден, атрактивен репертоар

Репертоарот на театарските куќи во главниот град во февруари продолжува со несмален интензитет со изведба на интересни и атрактивни претстави речиси во сите денови од месецот. Погледнете што се нуди месецов на сцените на МНТ, Драмски театар, Албанскиот и Турскиот театар, ТДМ и Театар Комедија…

На сцената на Македонскиот народен театар минатата недела се прикажаа претставите „Силјан штркот шанца“ и  „Брачна игра“, која ќе има повторна изведба на 13 февруари. До крајот на месецов љубителите на театарската уметност во МНТ ќе можат да ги проследат и претставите:  „Електра“ (7 февруари), „Не се клади на Енглези“ за која континуирано се бара билет повеќе (12 и 27 февруари), „Кец на десетка“ (14 февруари), „ Животот на Молиер“ (15 февруари), „Тероризам“ (16 февруари), „Говорна мана“ (17 февруари), додека, пак, 18 и 19 февруари се денови во кои на репертоарот е мјузиклот „Мама миа“ кој предизвика голем интерес кај македонската публика.

mnt_zivotot_na_molier

Во втората половина од месецот на сцената на МНТ ќе биде прикажана претставата „Свадбата на фигаро“ (20 февруари), а на 21 февруари премиерно ќе биде одиграна претставата „Госпоѓиците од Авињон“ која ќе има и  реприза на 22 февруари, а на 23 и 24 февруари ќе биде изведена претставата „Ничија земја“. Последна на репертоарот за овој месец во Македонскиот народен театар е претставата која е копродукција меѓу Скопје филм студио и МНТ, „Разговор во четири очи“, која ќе биде одиграна на 28 февруари.

Динамичен февруарски репертоар со разновидни претстави има и во Драмскиот театар. Минатат недела на сцената на Драмски се изведоа претставите „Атена со пенис“ и „Секс, дрога и рок и рол“.  Следуваат изведбите на „Солунски патрдии“ (6 февруари), „Чолак“ (8 и 13 февруари), „Лет над кукавичјoто гнездо“ (9 и 27 февруари), „Капетанот Џон Пиплфокс“ (10 февруари), „Буре барут“ (15 февруари), „Снежана и седумте џуџиња“ (17 февруари), како и премиерата на претставата „Како да се ограби банка“ закажана за 23 февруари, а се предвидени и нејзини изведби на 22 (претпремиера), 24 и 28 февруари.  

Dramski_Kapetan_John_Piplfoks_feb_2018

На сцената на Албанскиот театар, во текот на овој месец ќе се одигра претставата „Жените“ по Роберт Томас во режија на Ќендрим Ријани (на 12 и 19 февруари), кој е режисер и на претставата „Вечера на ронките“ од Рефет Абази што ќе се прикаже на 14 и 15 февруари. Претставите ќе се одржат во објектот на Театар Комедија.

На репертоарот на Турскиот театар, кој исто така ја дели привремено сцената со Театарот Комедија, ќе бидат прикажани претставите: „Среќна Нова година“ (4 февруари), „Халифот штрк“ (12 и 20 февруари) и „Кралот Лир“  (15 февруари).

albanski_teatar_repertoar_fevruari

Театарот за деца и младинци овој месец прикажува некои од најпопуларните претстави за најмладите, и тоа: Минатата недела се изведоа „Волшебната флејта“и „Убавицата и ѕверот“ која ќе се игра и на 24 февруари, а следуваат „Пипи долгиот чорап“ (8 февруари), „Гига мега бајка“ (9 февруари), „Малата сирена“ (19 февруари), „Снежната кралица“ (11 и 15 февруари), „ Пепелашка“ (16 февруари), „Црвенкапа“ (17 февруари), „Мачорот в чизми“ (18 февруари).

До крајот на февруари во ТДМ ќе се одиграат и претставите „Грдото пајче“ (22 февруари), „Бајка за царот Нај“ (23 февруари), „Цветната улица“ (25 февруари). Театарот за деца и младинци на 6 февруари организира и посебен настан во чии рамки ќе биде одбележан јубилејот – 20 години творење во сопствен простор, како и две децении од премиерната изведба на претставата „Убавицата и ѕверот“ која е рекордно најиграна претстава во Република Македонија.

Teatar_Komedija_Zena_mi_se_vika_Boris_feb_2018

Театарот Комедија во првите денови на февруари ги прикажа хитовските претстави „Мечка“, „Жена ми се вика Борис“ и „Нешто пропуштаме“, следуваат „Бракот е брак“ (7 февруари), „Вардарски пастуви” (8 февруари), „Првин ќе ме земеш…“ (10 февруари), „Чао пријатно“  (11 февруари), „Стујардеси“  (13 февруари), „Дони Дарк“ (14 февруари), „Мечки“ (16 февруари).