Техничко осовременување на опремата во ЈП „Билјанини Извори“

ЈП „Билјанини Извори“ продолжува со планот за техничко осовремување и поддршка на техничкиот персонал при претпријатието кој е задолжен за одржување на постоечката спортска инфраструктура во Спортскиот центар „Билјанини Извори“, а се со цел подобрување на условите за спортските корисници, спортските клубови и рекреативците.

Деновиве ЈП „Билјанини Извори“ се поднови со современа машина за чистење и одржување на паркет од фирмата Клинфикс со одлични перфоманси за чистење, полирање и одржување на паркети и ламинатни подлоги. Ова е уште една скромна, но многу значајна, од отварањето на салата прва од ваков тип, техничка инвестиција која во многу ќе го подобри и олесни досегашното одржување и чистење на паркетот при спортската сала.

„ЈП „Билјанини Извори“ и во иднина планира да инвестира во подобрувањето и осовременувањето на техничката опрема при С.Р.Ц. „Билјанини Извори“ веруваме на задоволство пред се на сите наши корисници но секако и на нашите вработени задолжени за одржување на спортската инфраструктура при центарот.“ – информираат од ЈП „Билјанини Извори“.

This slideshow requires JavaScript.