25/04/2024
Македонија

Телеграма со сочувство за трагичниот настан во Тексас, до Амбасадата на САД во Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, во негово име, и во име на Владата на Република Македонија испрати телеграма со сочувство по повод трагичниот настан во Садрленд Спрингс, во државата Тексас, САД.

Во телеграмата се вели:

До народот на САД и до Претседателот Трамп,

Длабоко нè погоди безумниот чин за време на верска служба во Садрленд Спрингс, во државата Тексас.

Дозволете ми во мое име, и во името на Владата на Република Македонија, да изразам најискрено сочувство со семејствата на жртвите и со американскиот народ за трагедијата.