Темелно чистење на обиколницата над Битола

Во изминатите 10-тина дена, Општина Битола вршеше интензивна подготовка со инспекциски надзор, за расчистување на магистралниот пат А3 во делот на обиколницата над Битола, во критичните точки каде постојано се фрла отпад. На терен комуналните инспектори поднесоа и неколку пријави до граѓани и до лица кои собираат и нелегално складираат отпад. На истите им беше наложено отпадот да биде отстранет, а во текот на денешниот ден, еден од нив веќе постапува по пријавата и го отстранува отпадот.

Општина Битола, по ваквата подготовка, во координирана акција започна со чистењето на масовната депонија на обиколницата над Битола, која претставува опасност за возачите.

Со асистенција на СВР Битола, битолските и дел од државните јавни претпријатија го започнаа чистењето, секој во рамките на своите надлежности со употреба на соодветна механизација. Во акцијата со сопствена механизација помогна и РЕК Битола. Работата на терен ќе трае се до целосното расчистување на сметот од обиколницата.

И покрај акцијата на терен и присуството на полицијата, беше забележан индивидуален случај на палење на ѓубрето од страна на локалното население, по што полицијата интервенираше истото да биде изгаснато.

Општина Битола апелира до сите жители, особено до локалното население и невладиниот сектор, масовно да се заложат да не се повтори истата слика на расфрлен отпад на потегот на магистралниот пат над Битола. Најавени се и зголемени репресивни мерки до сите кои што ќе бидат затекнати како фрлаат ѓубре.

This slideshow requires JavaScript.