20/04/2024
Охрид

Тепачка и нарушување на јавен ред и мир во Охрид

СВР Охрид презема мерки за расчистување на настан пријавен во СВР Охрид утрово околу 09 часот од страна на А.В.(37) од Охрид. Според пријавителот, денеска околу 02:00 часот пред дискотека „Парк“ во Охрид бил физички нападнат од неколку лица кои му нанеле повеќе удари со раце и метални шипки по телото особено во пределот на главата и му одзеле паричник во кој имало 8 000 денари и мобилен телефон марка „Самсунг Галакси“.

Воедно, мерките се насочени и кон пронаоѓање на лице кое, денеска околу 11 часот го нарушило јавниот ред и мир во пицеријата „Стационе“ во Охрид лоцирана на кеј „Македонија“ при што оштетило дел од инвентарот на пицеријата.