24/04/2024
Охрид

Тепачка во Лескоец

На 26.09.2018 година во 19:45 часот на улицата „Рашанец“ во охридското село Лескоец, нарушен е јавниот ред и мир во кое лицата И.А. и К.Т. двајцата од селото Велгошти, физички го нападнале Б.Ш.(35) од истото село.

По кратка меѓусебна расправија, двајцата почнале да го удираат Б.Ш. со тупаници по главата и телото по што, со автомобил заминале од местото на настанот. Од ударите Б.Ш. се здобил со видливи повреди.

СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот.