Тепачка во угостителски објект во Охрид

На шеснаесетти март оваа година во 14 часот и 10 минути, во угостителски објект лоциран на улицата „Кленоец“ кај автобуска станица во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу И.Б.(50) од една и Д.Б.(71) и Љ.С.(54) од друга страна, од Охрид. И.Б. е пренесен во Општата болница во Охрид каде му е укажана лекарска помош.

По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.