16/04/2024
Македонија

Тешка кражба во куќа во Дебар

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против С.Б. (22) од селото Лаќес-Република Албанија.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 22 октомври оваа година во куќа лоцирана на улицата „Ибраим Колари“ во Дебар. Тој, совладувајќи повеќе препреки, преку задниот дел од куќата се искачил на покривот и низ таванскиот дел се спуштил во внатрешноста на куќата. Потоа извршил пребарување низ собите по што, пронашол и одзел златни прстени, златни часовници и ланци како и друг разновиден златен накит. Со извршувањето на казненото дело, пријавениот С.Б. се стекнал со противправна имотна корист од 180.000,оо денари.