28/03/2024
ОхридСтруга

Тешко повреден работник од Велестово при пад од скеле во Струга

Вчера околу 13:00 часот на ул. „Едвард Кардељ“ во Струга, С.Ѓ. (23) од с.Велестово, охридско, при извршување на градежни работи на куќа, паднал од скеле од висина од околу 6,5 метри и се здобил со тешки телесни повреди.

Тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“во Охрид каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.