Томчо Балабан со благодарност до Министерот за здравство, проф. д-р Венко Филипче

Посветено на ВЕНКО ФИЛИПЧЕ, доктор Професор Неврохирург и Министер за здравство, само еден ден од кога постана прв човек на нашето здравство, покрај неговата многу одговорна функција, изврши тешка, но успешна операција над мојот син Емил Балабан и му даде можност да живее и да се радува на животот со своето семејство. Од срце и со вечно паметење му заблагодарувам на неговата усилба што ја направи. Но на Венко Филипче тоа и му доликува, бидејќи е внук на еден од најодговорните судии во Македонија (Ставре Филипче), а син на Професорот и доктор на Медицинскиот Факултет Илче Филипче и успешен министер за здравство.

Почитуван докторе Венко Филипче Ви благодарам и Ви пожелувам успешно раководење со министерството за здравство на Р.Македонија.

Со искрена почит, Томислав Балабан

Извор: OhridSky