20/04/2024
Дебрца

Топло добредојде за првачињата во Дебрца

Започна новата учебна 2018/ 2019 година во основното образование во Дебрца. По тој повод, градоначалникот Ногачески приреди свечен прием за 22-те првачиња во Дебрца, кои денес за прв пат зачекорија во училишните холови и седнаа во училишните клупи.  

Посакувајќи им топло добредојде во светот на знаењата градоначалникот изрази надеж дека и од ОУ „Дебрца” ќе произлезе некој архитект, успешен спортист, доктор, универзитетски професор, градоначалник, а зошто не и нобеловец.

„Ние како локална самоуправа, постојано ќе вложуваме во училишната инфраструктура, во наставниот кадар и мотивирани ученици, се со цел учениците во Општина Дебрца да бидат меѓу најдобрите. Од родителите побарав своите деца да ги даруваат со голема и неизмерна љубов, бидејќи на тој начин, тие ќе можат поуспешно да се справуваат со нивните нови училишни обврски и да се изградат во етички силни и здрави морални личности. Во оваа пригода на првачињата им беше доделен училишен прибор, кој традиционално за првачињата од Дебрца го донира фондацијата „Капинков“, ,сопственост на Г-динот Драган Капинков, бизнисмен од Перт, Западна Австралија, кој по потекло е од битолското село Цапари. Во името на првачињата и на граѓаните на Дебрца, на Г-динот Капинков му изразувам голема благодарност. Благодарност и до Г-динот Зоран Ќосески, почесен конзул на Република Македонија, во Перт, Австралија, по чија иницијатива фондацијата “Капинков” од 2013 година донира училишен прибор за нашите првачиња.“- истакна градоначалникот Ногачески.