19/04/2024
Охрид

Топлото време ја раздвижи чаршијата

Променливото и облачно време, не ги спречи охриѓани, ниту викендашите да го искористат слободното време за прошетка низ охридската чаршија и на кејот покрај Охридското Езеро.

Поради топлото време кое достигна температура од 12 °С, во објектите на градскиот плоштад викендов се бараше место повеќе за да се испие попладневното кафе.

Според метеоролозите, променливо облачно време со услови за врнежи од дожд ќе преовладува и во наредните денови, но сепак температурата ќе се задржи до 11 °С. Од четврток не очекува намалување на температурата.

WebOhrid