28/03/2024
Македонија

Традиционален Божиќен концерт на хорот Св. Злата Mегленска

Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“ по повод празникот Христовото раѓање-Божиќ, на 7 јануари (недела) со почеток во 19.30 часот, во Градската православна црква „Пресвета Богородица, ќе го одржи традиционалниот концерт „Божик- слава“…

На концертот освен нашиот најпопуларен женски хор, како гости ќе настапат и мешаниот хор „Rozafaexpression“ од Скадар, Албанија, професионалниот мешан хор „Про арс“ од Скопје, а како солисти ќе настапат Билјана Стафансон од Шведска и Лилјана Јовановиќ од Србија.

Концертот „Божик-слава“ се реализира во соработка со Македонската православна црква, а е поддржан од Министерството за култура и градот Скопје.