28/03/2024
Охрид

Традиционална изложба на фотографии во чест на Свети Климент

Во рамки на чествувањата посветени на Св. Климент- Патрон на Охрид синоќа во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ се одржа традиционалната изложба на Фото клуб – Охрид.

Во Галријата на установата беше отворена и изложбата на ликовни творби на учениците од ОСУ „Св.Климент Охридски“, а беа доделени и награди од училишниот конкурс.