28/03/2024
Охрид

„Трагач низ времето“ прва стихозбирка на Кристина Т. Рудеска

Утре, среда во 16 часот во „Прличевата одаја“ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирана првата стихозбирка од Кристина Т, Рудеска „Трагач низ времето“. Промотор ќе биде Љупчо Милковски а стихови ќе чита Лидија Трајкоска.

Кристина Т. Рудеска е родена 1983 година во Брчко, Босна и Херцеговина. Креативноста како нејзина карактеристика ја изразува преку изработка на накит, кусо време се занимавала и со вајарство. Нејзино најново пристаниште во кое се чувствува убаво е светот на поезијата и како што вели самата преку првата збирка песни која содржи близу 50 песни таа остварува уште една своја цел.