18/04/2024
Спорт

Трансфер на Елиф Елмас во Наполи

19 годишниот македонски репрезентативец Елиф Елмас е нов член на италијанскиот калчолигаш Наполи.

Елиф Елмас пред две сезони од Работнички се пресели во Фенербахче со трансфер вреден 180 илјади евра, а по двете сезони поминати во Фенербахче тој е продаден на Наполи за 16 милиони евра, каде потпиша петгодишен договор.

Минатата сезона Елмас за Фенербахче одигра 29 официјални натпревари и постигна 4 голови.

Елиф Елмас е роден на 24 септември 1999 година во Скопје. Тој играше за Македонија во сите младински репрезентации, почнувајќи од У17, У18, У19, У20 и У21, а за сениорската репрезентација има 11 настапи и 2 голови кои ги постигна против Латвија во март оваа година.

Првиот тест натпревар за Наполи, Елмас најверојатно ќе го има во недела (28.07.2019) кога Наполи ќе одигра пријателски натпревар против Ливерпул.

WebOhrid