28/03/2024
Охрид

Третоодделенците од ОУ „Братство-Единство“ во посета на Општина Охрид

Околу 100 ученици од трето одделение  од двата објекта на ОУ „Братство – Единство“ денеска беа во посета на општина Охрид.  Во улога на  советници  во големата општинска сала младите  охриѓанчиња  му поставуваа прашања на  градоначалникот д-р Јован Стојаноски кој им одговараше и ги запознаваше со начинот и функционирањето на локалната самоуправа.

Третоодделенците  беа гости и  во кабинетот на градоначалникот, а потоа прошетаа и се информираа за работата на останатите служби во општината.

 Во двата објекта на  ОУ „Братство Единство“, централниот и во населбата „Лескајца“ ,наставата се одвива на три јазици македонски, турски и албански.