Трибина: Кафезот во кој живеам

Како последна фаза на проектот „Кафез“ на режисерката Ирма Башеска Ристовска (кој пак е дел на еден поголем проект „Маркетингот и уметноста“) денеска (22 ноември) во 20:00 часот во просториите на Центарот за образование, култура и уметност „Данаил Станојески“ – ДАСТА Академија ќе се одржи трибина со дискусија насловена „Кафезот во кој живеам“…

_1

Темата на трибината е директно поврзана со  темата на проектот „Кафез“ и има за цел да обелодени факти и лични искуства на трансродови лица во Македонија. 

Гости на трибината се: Лила Милиќ, Алекс Ристовски и Ирма Башеска Ристовска.

Проектот е поддржан од Министерството за култура.