28/03/2024
Охрид

Трибина за режимот на сообраќај во стариот дел на градот

Во големата сала на општина Охрид, на 9.05.2019 година (четврток), со почеток во 18:00 часот, ќе се одржи трибина за режимот на сообраќајот во стариот дел на Охрид за време на летната туристичка сезона.

Целта на трибината е да се разменат мислења за летниот режим на сообраќај во овој дел на градот кој ќе биде прифатлив за граѓаните, станоиздавачите и туристите.