Трибина за значењето на АВНОЈ во создавањето на Македонската држава

Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941 – 1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, по повод јубилејот 75 години од Второто заседание на АВНОЈ од 29 Ноември 1943 година, денеска во големата сала на Општина Охрид, организира историски час на тема  „Улогата и значењето на АВНОЈ во создавањето на македонската држава “.

На трибината, на која учествуваа градоначалникот Јован Стојаноски и претседателката на Советот на Општина Охрид Живка Ангелоска, за овој важен историски настан зборуваше професорот по историја  Наце Иваноски.

Во рамките на одбележувањето на празникот, Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ  и граѓаните продолжувачи, од Општина Охрид, доби канцелариски простор за работа во зградата на Црвен Крст.