25/04/2024
Спорт

Тричковски и Трајковски со голови успеаа да ги одведат своите клубови на врвот

Нашите интернационалци Тричковски и Трајковски беа голгетерски расположени и овој викенд.

Иван Тричковски постигна гол за АЕК Ларнака во 51 минута, со што го постави конечниот резултат на овој натпревар, Олимпија Никозија 1:2 АЕК Ларнака.

По 15 кола, АЕК Ларнака е на првото место од Првата дивизија во Кипар.

Бари 0:3 Палермо. Александар Трајковски постигна гол во 69 минута и го зголеми водството на Палермо од 0:2. До крајот од натпреварот неговиот тим постигна уште еден гол, за победа од 0:3.

По 18 одиграни кола, Палермо се наоѓа на врвот од Италијанската Серија Б.

WebOhrid