28/03/2024
Спорт

Триесетина македонски клубови од ширум цела Австралија ќе учествуваат на MASO CUP 2019

Од 26 до 28 Jануари 2019 во Квинбиjан, Австралија, во траење од 3 дена, ќе се одржи наjголемиот македонски фудбалски настан на годината, MASO CUP, со учество на триесетина Македонски фудбалски клубови од ширум цела Австралиjа.

Овоj спектакуларен спортски настан ќе се одржува за прв пат во Квинбиjан. Во исто време ќе биде тридневна можност за дружење, запознавање и размена на искуство како во фудбалот така и меѓу играчите, гостите и македонската младина од цела Австралиjа на едно место.

Отварањето на овоj MASO CUP ќе биде во Сабота на 26ти Jануари во 11:00 часот на стадионот Seiffert Oval во Квинбиjан.