29/03/2024
Охрид

Триесетто издание на светски познатиот натпревар по меѓународно хуманитарно право, „Жан Пикте“

Триесеттото издание на светски познатиот натпревар по меѓународно хуманитарно право, „Жан Пикте“, ќе се одржи во Охрид, во траење од една недела.  144 студенти од 26 различни земји, поделени во екипи од по тројца учесници, ќе се натпреваруваат една недела, а потоа ќе се прогласи најдобриот тим по меѓународно право.

Натпреварот „Жан Пикте“ има за цел правото да излезе од рамките на учебниците и студентите да работат врз конкретни случаи на примена на хуманитарното право, коешто е навистина актуелно, со оглед на големиот број конфликти низ целиот свет.

Финалето на натпреварот ќе биде отворено за јавноста во петок, 30 март во 16:00 часот. Тимовите што ќе влезат во финалето ќе дебатираат на француски и на англиски јазик, а најдобриот тим ќе биде награден од реномираното жири со кое ќе претседава вториот заменик-претседател на Меѓународниот кривичен суд, господинот Марк Перен де Бришамбо.

Триесеттото издание на натпреварот „Жан Пикте“ е поддржано од Амбасадата на Франција, Меѓународната организација на Франкофонијата, Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Швајцарското Министерство за надворешни работи и голем број
организации.