25/04/2024
Македонија

Тунтев: Собранието нема да попречува судски одлуки, туку ќе обезбеди услови за враќање на правната држава

Од осамостојувањето на нашата држава, Собранието никогаш не дозволило попречување на судски одлуки и затоа не треба тоа да го дозволи и сега, порача Томислав Тунтев, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата на денешната 25 седница на Собранието на Република Македонија.

Тунтев истакна дека враќањето на правната држава и владеењето на правото мора да започне во законодавниот дом.

„Токму Собранието мора и треба да биде пример за враќање на правната држава. Она што се случуваше на 27 април е спротивно на сите човечки, морални и законски рпавила и прописи. Тоа го виде целата домашна и меѓународна јавност. Тој ден кој влезе во срамната историја на Македонија мора да биде расчистен за да можеме колку толку да ја избришеме таа дамка. Тоа му го должиме и на владеењето на правото и на ова Собрание“ посочи Тунтев.

Координаторот на претничката група на СДСМ и коалицијата, Тунтев порача дека Собранието има должност да застане на страната на правдата.

„Иако овде сме соочени со сериозен предзвик, иако за нас ова не беше лесна одлука, се потпревме врз практиката и мудроста на ова Собрание кое и во изминатите години се соочувало со вакви или слични предизвици. Со оглед на заедничката определба на сите за правна држава, за сите нас изборот е јасен и експлицитен. Наша должност и одговрност е Собранието цврсто да застане на страната на правдата и еднаквоста. Затоа сум убеден дека и нашите колеги пратеници на кои се однесува оваа одлука, ја разбираат и ја поддржуваат потребата како законодавен дом да обезбедиме услови, правдата да го пронајде својот пат“ порача Тунтев.

https://www.youtube.com/watch?v=JimLJxtnKbQ