Туристичките потенцијали на Охрид претставени на Саемот за туризам во Полска

Општина Охрид е дел од македонскиот тим  кој учествува на 25-то издание на Меѓународниот саем за туризам што се одржува од  22-ри до 24-ти ноември во Варшава, Полска. На настанот  ќе   бидат промовирани  туристичките содржини на нашата земја пред полскиот туристички пазар.

Туристичките потенцијали на нашава земја и Охрид како најпознат туристички центар   покрај претставниците од Општина Охрид ќе ги промовираат и   претставници од  Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот   како и претставници од приватниот сектор: Ресторан Острово- Св. Наум,„MacSun-Travel“- Скопје, „Enjoy Balkans“,„SAVANA Tourist Enterprises“, „Time toTravel” и хотелот “Инекс“- Горица од Охрид.

Директорот  на Агенцијата за промоција и поддршка на Туризмот ,Љупчо Јаневски денеска  на македонскиот штанд одржа состанок со ТО Рего Бис, кои се значајни партнери на Македонија, за зацврстување на нашата позиција на полскиот туристички пазар. 
Годинава бројот на полски туристи кои ја посетиле Македонија и Охрид е поголем за 56 % со остварени ноќевања кои се  во пораст за 78% за период јануари-септември 2018, споредбено со 2017година.

На Саемот за туризам во Варшава  полска учествуваат  500 излагачи  од 50 држави од Светов.