29/03/2024
Охрид

Ученици од ОУ „Братство-Единство“ во посета на црквата „Св. Ѓорѓија“ во Курбиново

На 23.05 2018 година, учениците – членови на додатната настава од V- 4 одд. од ОУ „Братство-Единство Охрид беа во посета на објект од културното наследство на Република Македонија.

Учениците дознаа дека заштитата на црквата „Св. Ѓорѓија“ во преспанското село Курбиново, која е прогласена за споменик на културата уште од 1952 година како едно од врвните остварувања на источнохристијанската култура, е еден од приоритетите на Министерството за култура.