29/03/2024
Охрид

Ученици од ОУ „Христо Узунов“ дел од 6та Олимпијада по експериментална физика во Бугарија

На 8.12.2018 година во просториите на физичкиот факултет СУ”Св.Климент Охридски”-Софија, Бугарија, се одржа 6-та Олимпијада по експериментална физика насловена како -Ден на електронот.

На Олимпијадата учествуваа ученици од Русија, Бугарија, Казахстан, Србија и Македонија.

На Олимпијадата зеде учество и Основното училиште „Христо Узунов”-Охрид со седум ученици под менторство на наставничката по физика Вера Зороска.

„Среќна и горда сум на нашиот успех,што во силна конкуренција и особено тешка експериментална задача успеавме на освоиме дури три награди и тоа:Атина Рувинова-трета награда,Борче Исакоски-втора награда и Кристијан Шишкоски -ПРВО МЕСТО!

Со ова докажавме дека нашите ученици умеат,знаат и можат рамо до рамо да застанат,да се натпреваруваат и победуваат меѓу врсниците од другите држави!!!”- вели Вера Зороска.