26/04/2024
Охрид

Ученици од ОУ „Христо Узунов“ дел од манифестацијата „Месец на науката“ 2019

Викендов на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа манифестацијата Месец на науката 2019, наменета за ученици од седмо, осмо и деветто одделение.

ОУ „Христо Узунов“ – Охрид зеде учество со следните ученици: Борче Исакоски (9 одд.) и Марија Зороска (8 одд.) под менторство на наставникот Владо Андрески и Славчо Мургоски (7 одд.) и Елена Стојоска (7 одд.), под менторство на наставничката Лиле Белева.

„Сите ученици се натпреваруваа со изработени проекти во областа Биологија и прикажаа интересни експерименти, проследени со знаење, умеење и интерес кон проучување на природата.

Ученичката Марија Зороска освои трета награда, додека пак ученикот Славчо Мургоски втора награда, секој во својата категорија (возраст).

Ова е уште еден пример дека во нашето училиште традиционално се негуваат интересот и љубовта кон изучувањето на природните науки.“ – информираат од ОУ „Христо Узунов“.