29/03/2024
Охрид

Ученици од ОУ „Христо Узунов“ учествуваа на Олимпијадата по математика и физика

Во саботата (14.12.2019) СОУ „Јахја Кемал“ – Струга, организираше Олимпијада по предметите математика и физика за ученици од основните училишта од регионот (Охрид, Струга и Кичево).

„Особено е задоволството што дури четири ученици од ОУ „Христо Узунов“ – Охрид беа во најдобрите седум во решавање на задачи по двата предмети. Тоа се учениците: Борче Исакоски, Горазд Блажески, Михаела Климоска и Дамјан Недески. Големо браво за ученикот Борче Исакоски кој го освои првото место при решавање на задачите од предметот физика, браво за постигнувањата на целиот тим!

Нашето училиште, традиционално, продолжува да нижи успеси и да ја негува љубовта кон науката, со што да се биде негов ученик или наставник е голема чест, предизвик и задоволство!“ – информираат од ОУ „Христо Узунов“.