19/04/2024
Охрид

Ученици од ОУ „Христо Узунов“ во посета на Библиотеката

Во рамките на наставната програма по мајчин – македонски јазик денеска во посетата на НУ Библиотека „Григор Прличев“ беа ученици од  четврто одделение ОУ „Христо Узунов“ од Охрид.

hu

Учениците беа придружувани од нивните одделенски наставнички: Катерина Златева, Наташа Ѓорѓиоска, Маја Јосифоска, Васка Палоска и Наташа Талеска.

hu2

hu1

Со процесот на работа на библиотеката од зачленување преку позјамувањето книги , па до читалната во која се одржуваат средби и промоции со авторите на книги, малите гостинчиња ги запознаа колегите Бети Лазеска- Симоноска и Никола Ристовски.

hu 7

hu 5

hu 4

hu 3