Ученици од ОУ „Кочо Рацин“ освоија IV-то место на Меѓународен ликовен конкурс

Денес во просториите на ОУ „Кочо Рацин“ директорката Соња Спасеска им додели благодарници на Анабела Стефаноска и Андреј Маркоски, ученици во V1 одделение, за освоено IV (четврто) место на Меѓународниот ликовен конкурс во Бугарија.

Имено, во декември 2017, учениците од ОУ „Кочо Рацин“ под менторство на наставничката Виолета Петковска, учествуваа на Меѓународниот ликовен конкурс кој се одржа во Стара Загора, Бугарија. Темата на конкурсот беше: Најинтересна тема, креативност и фантазија.

WebOhrid