16/04/2024
Охрид

Ученици од ОУ „Св.Климент Охридски“ ја посетија Општина Охрид

Осумдесетина ученици од трето и четврто одделение од Основното училиште „Св.Климент Охридски“, во рамките на програмата по предметот „Општество“ ја посетија општина Охрид. Учениците имаа средба со в.д градоначалникот Константин Георгиески и секретарот Игор Бежоски кои одговараа на нивните прашања поврзани со организацијата и функционирањето на Локалната самоуправа.