Ученици од ОУ „Св. Климент Охридски“ во посета на Локалната самоуправа

Во рамки на изучувањето на предметот „Општество“, учениците од ОУ „Св. Климент Охридски“ , денес, беа во посета на општина Охрид. Тие за работата на Локалната самоуправа се запознаа директно од градоначалникот Јован Стојаноски, кој ги пречека во големата сала на општината, каде одговараше на нивните прашања.

Потоа заедно се упатија во кабинетот на градоначалникот каде учениците имаа можност да видат како изгледа еден работен ден на првиот човек на градот, по што учениците ги посетија и другите служби кои се составен дел од Локалната самоуправа.