Ученици од ОУ „Св.Наум Охридски“ направија прекрасни честитки за 8 Март

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид во соработка со Почесниот конзулат на Руската федерација во Охрид ученици од ОУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани, Трпејца и Елшани правеа осмомартовски честитки за мајките и жените.

Креативноста и умешноста на триесеттината деца дојде до израз. Тие помогнати од нивните предметни наставнички: Лила Каранфиловска, Виолета Дафинческа и Валентина Мојсоска создадоа мали уметнички дела кои ги понесоа како подарок за своите мајки.

Дел од честитките денеска им беа врачени на учесниците на поетското читање во чест на 8 Март под наслов: „Убав и нежен стих – ист како жените“.

Елена Обухова од почесниот конзулат на Руската федерација во Охрид на присутните низ  игра, сечење и лепење на материјалите од кои беа направени честитките накусо им ја објасни и историјата на дрвена преклопен кукла, Матројшка која  одамна стана симбол на руската народна уметност и традиционален сувенир.

Куклата од дрво во која се кријат уште по неколку помали парчиња од неа одамна стана симбол на руската народна уметност и традиционален сувенир.

matro[ka