16/04/2024
Македонија

Учениците од денес на летен распуст

Од денеска започнува летниот распуст за учениците. Учебната 2018/2019 година ја завршуваат околу 270 илјади средношколци и основци, меѓу кои и 20.000 првачиња.

На полуматурантите им претстои запишување во средните училишта. Првото пријавување во јунскиот уписен рок е на 17 и 18 јуни, а второто на 24 и 25 јуни. Матурантите треба да поминат уште две тестирања од државната матура овој месец пред да се запишат на факултет во август. Во вторник е полагањето на третиот екстерен испит (бизнис, историја, биологија, филозофија, хемија, физика, естетика или социологија), а на 13 јуни е тестот по математика.

Од месец септември се очекува и новиот закон за основното образование кој во нацрт-верзија деновиве е поставен на Електронскиот регистар на прописи (ener.gov.mk) за доставување сугестии и забелешки.