25/04/2024
Дебрца

Учениците од ООУ „Св.Климент Охридски“ – Охрид во посета на општина Дебрца

Денес учениците од ООУ „Св.Климент Охридски” од Охрид, остварија посета на општина Дебрца. За време на посетата, учениците заедно со своите наставнички имаа средба со градоначалникот Зоран Ногачески. Оваа посета е дел од училишните активости и има за цел запознавање на учениците со работата на Локалната самоуправа во руралните општини.

Учениците посетата ја искористија да му постават одредени прашања на градоначалникот поврзани со историјата и развојот на општина, работењето на општината, администрацијата и инвестициите во општина Дебрца.

Градоначалникот Ногачески им даваше одговори , појаснувше и образложуваше за се што се интересираа на начин разбирлив за нивната возраст.

Учениците исто така имаа можност да ја посетат и ликовната колонија “Дебрца” која воедно е и најстара колонија во Македонија.

Пред извесен период во посета на општината беа дел од учениците од основното училиште од Дебрца, а вакви средби со градоначалникот и запознавање на општината ќе продолжат и во иднина, со цел на најмладите одблиску да им се долови значењето и функционирањето на општините.