29/03/2024
Дебрца

Учесниците на 35-та Интернационална ликовна колонија „Дебрца 2019“ на прием кај градоначалникот

Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески, вчера оствари средба со учесниците на 35-та Интернационална ликовна колонија „Дебрца 2019“, која се одржува од 30.06.-07.07.2019 година.

Уште еднаш посакувајќи им топло добредојде, гостите ги запознав со потенцијалите на општина Дебрца, историјатот на ликовната колонија и изразив надеж дека ќе понесат убави спомени од Дебрца.

Уметноста не познава граници, национални, верски, јазични бариери. Доказ за тоа е присуството на уметници од повеќе држави Македонија, Србија, Бугарија, како и почесниот конзул на Монголија во Македонија.

Им посакав творечка инспирација, која во Дебрца во изобилство ја има.“ – изјави градоначалникот Ногачески по средбата.