Учество на МНР Димитров на годишнината од формирањето на Европскиот фонд за Балканот во Белград

Во текот на денешниот ден МНР Никола Димитров ќе се обрати како главен говорник на регионалната конференција организирана по повод 10 годишнината од формирањето на Европскиот фонд за Балканот, што ќе се одржи во Белград, Република Србија на 16 и 17 април 2018 година.

Главна мисија на оваа организација е да ја промовира интеграцијата во ЕУ на земјите од Регионот, како и нивната трансформација во просперитетни и стабилни европски демократии.

За време на настанот предвидено е министерот Димитров да оствари неколку билатерални средби со реномирани учесници на конференцијата.