25/04/2024
Македонија

Учество на МНР Димитров на инаугурацијата на Групата „Пријатели на Република Македонија” во Европскиот Парламент

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денес, во Брисел, ќе учествува на инаугурацијата на Групата „Пријатели на Република Македонија” во Европскиот Парламент.

Групата “Пријатели на Република Македонија” во Европскиот Парламент е неформална група составена од пратеници во Европскиот Парламент од различна политичка провениенција, која во променет и проширен состав по пауза од речиси три години, ја обновува својата работа.

Групата е замислена како своевиден форум на обезбедување поддршка на Република Македонија во нејзините европски аспирации и цврста потпора на нејзиниот европски пат.

Министерот Димитров ќе има церемонијално излагање на инаугурацијата во кое ќе се осврне на актуелниот момент во односите меѓу Европската Унија и Република Македонија.

Министерот Димитров ќе оствари и повеќе одвоени средби со пратеници во Европскиот Парламент.