29/03/2024
Македонија

Учество на заменик министерот Нухиу на конференција во Сараево

Делегација од Министерството за внатрешни работи, предводена од Заменик Министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу денес учествува на Министерскиот состанок „Справување со предизвиците со миграцијата во регионот“-безбедносни и хуманитарни аспекти, кој се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина.

На состанокот се разгледуваат механизмите за борба против нелегална миграција, односно регистрацијата на мигрантите, враќањето на нелегалните мигранти, доследното спроведување на билатералните договори за реадмисија, размената на податоци, достапноста на толкувачи за ретки јазици, меѓународната заштита, како и заедничките полициски патроли долж границите. На состанокот, покрај безбедносниот, се става акцент и на хуманитарниот аспект на миграциските движења, односно градење заеднички одговор на сите чинители преку воспоставување на систем, кој јасно ќе ги дефинира правата, одговорностите и можностите. За време на средбата, Заменик министерот д-р Агим Нухиу има свои излагања во двете предвидени панел сесии.