16/04/2024
Охрид

Угостителите во најскоро време да ги подмират обврските за закуп на градежно земјиште

Општина Охрид упатува апел до сопствениците на угостителските објекти кои не ги подмириле обврските за краткотраен закуп на градежно земјиште тоа да го сторат во најскоро време затоа што во спротивно ќе бидат санкционирани од соодветните инспекциски служби и не ќе може да поднесуваат барања за тековната година.

Износите кои треба да се платат се определени според квадратурата на проектот за поставување урбана опрема, согласно договорите кои ги склучиле.

Општина Охрид има издадено околу 38 одобренија за угостителски објекти за користење на градежно земјиште за 2018 година, а околу 25 угостителски објекти не ги имаат подмирено обврските за таа година. Вкупните обврски по однос на закуп на земјиште и комунални такси изнесува 2.230.863 денари и должниците треба да го платат најдоцна до 31.01. 2019 година.

Согласно со Програмата за поставување на урбана опрема донесена на последната седница на Советот на општина Охрид, објавена во Службен гласник 1 се повикуваат сите заинтересирани правни лица за поставување урбана опрема за 2019.