29/03/2024
Македонија

УХМР: Нов влажен бран со обилни врнежи од дожд од утре до сабота

Од УХМР известуваат дека преку денот ќе биде претежно сончево, а доцна попладне облачноста од запад ќе се зголемува.

Нов влажен бран со обилни врнежи од дожд ќе има од утре четврток до сабота. Најпрвин врнежите ќе бидат поинтензивни во западните делови, а од петок обилни врнежи се очекуваат речиси насекаде. Снег ќе има само на планините повисоки од 2.000 м.н.в.

Во сабота врнежите ќе бидат проследени и со грмежи. Од целиот влажен бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 л/м2, а во крајните западни делови локално и над 100 л/м2 дожд.

Во четврток и во сабота на места ќе дува засилен јужен ветер.